Откако пред два дена започна изненадниот напад на Хамас врз Израел, во земјата владее општ хаос, а сега се огласи и овогодинешната претставничка на Израел на Евровизија, Ноа Кирел.
Израел прогласи воена состојба, а од саботата веќе траат борбите. Израелската војска изведува удари на мети во Либан, од каде е изведен ракетниот напад на спорната територија која е под контрола на Израел, а одговорноста за овие напади ја превзеде Хезболах.
По овие страшни вести, на социјалните мрежи се огласи и пејачкта Ноа Кирел, која оваа година со песната „Unicorn“ го претставуваше Израел на Евросонг и освои бројни симпатии.
Ноа објави фотографија со знамето на Израел и напиша:
„Ми беше многу тешко да ги прифатам последните 24 часа и се уште се обидувам да пронајдам вистински зборови да изразам низ каква болка поминува мојата земја. Пред два дена на нас се исфрелни преку 3.000 ракети, повеќе од 300 наши браќа и сестри се заклани од терористите кои се инфилтрираа во нашите градови, повеќе од 1000 се повредени, а нашите војници и цивили (вклучувјаќи деца и старци) се киднапрани и одведени во Газа.
„Срцето ме боли поради жртвит и семејствата погодни од овој разорен масакр. Моето срце е со вас и се молам за брзо враќање на нашите браќа и сестри дома. Не се сомневам дека ќе победиме“ – напишала Ноа на Инстаграм.