вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се преврте брод со 400 патници на езерото Викторија, десетици загинати

Се преврте брод со 400 патници на езерото Викторија, десетици загинати

Спасувачки екипи трагаат по неколку стотици патници од брод што потонал на езерото Викторија, во близина на танзанискиот град Мванза.

Досега се пронајдени 40-ина тела, а стотина патници биле спасени. На бродот имало над 400 патници, далеку над максималниот капацитет. Локалните рибари им се придружиле на спасувачките екипи во обид да спасат што е можно повеќемина од патниците.

Бродските несреќи се честа појава на езерото Викторија, каде сопствениците на бродовите не ги запазуваат стандардите за пловидба.

МИА