петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се самоуби напаѓачот од Тајланд: Усмрти 34 лица, најмалку 22 се деца

Се самоуби напаѓачот од Тајланд: Усмрти 34 лица, најмалку 22 се деца

Напаѓачот кој денеска уби најмалку 34 лица, меѓу кои и деца во градинка во североисточниот дел на Тајланд, ги убил и својата сопруга и детето, а потоа се самоубил, изјави портпаролот на полицијата.

Тој рече дека напаѓачот бил поранешен полицаец, а меѓу жртвите имало најмалку 22 деца.

Пукањето се случило во градинка во Нонг Буа Лампу.

Како што јави Би-Би-Си, напаѓачот денеска со огнено оружје и нож ги убил своите жртви.