Француските синдикати денеска почнаа штрајкови низ целата земја, со барања за повисоки плати бидејќи инфлацијата достигна највисоко ниво во последните неколку децении.
Штрајковите што најмногу ќе го засегнат јавниот сектор пред се образованието и транспортот, е продолжение на веќе отпочнатите активности и прекинот на работењето во големите француски рафинерии што доведе до потешкотии во снабдувањето со гориво и редици на бензинските пумпи.
Лидерите на синдикатот се надеваат дека одлуката на француската Влада за принудно враќање на работниците во складишта за горива ќе го засили револтот на работниците, посочувајќи дека со таквите потези „се загрозува правото на штрајк“.
Портпаролот на француската Влада Оливие Веран изјави дека денеска може да бидат издадени дополнителни наредби за принудно враќање на вработените на работа, бидејќи се уште има редици на бензинските пумпи низ земјата.
„Ќе има принудно враќање на работа до степен до кој ќе се оцени дека е неопходно… Блокирањето на рафинериите во услови на постигнат договор за платите, не е нормална ситуација“, рече Веран.
Синдикатот „CGT“ повика продолжување на тринеделниот штрајк во „ТоталЕнерџи“, независно постигнатиот договор од петокот на нафтената компанија со умерените синдикати за седумпроцентно зголемување на платите и исплата на бонуси на работниците. Синдикатот „CGT“ бара зголемување на платите за десет насто, наведувајќи ги како причина инфлацијата и огромниот дополнителен профит на фирмата.
Поради штрајкот во Франција компанијата „Еуростар“ соопшти дека откажува некои од возовите на линијата Лондон – Париз.
Францускиот јавен железнички оператор „SNCF“ соопшти з
а намалување на локалните линии за 50 проценти, но и дека нема поголеми прекини на националните линии.