недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се спрема поплава од кокаин: Рекордна жетва на коката во Колумбија, еве колку дрога влегува во САД (ВИДЕО)

Се спрема поплава од кокаин: Рекордна жетва на коката во Колумбија, еве колку дрога влегува во САД (ВИДЕО)

Одгледувањето на билката кока во Колумбија, која е водечки светски производител на кокаинот, достигна рекордно нивно во 2017-та година, ниво од 209.000 хектари, што е зголемување за 11 проценти на годишно ниво, соопшти вечерва американската администрација.

Во тој период зголемено е производството на чистиот кокаин за 19 проценти, така што 772 тони во 2016-та година, пораснало на 921 тон во 2017-та, што исто така е друг рекорд, соопшти американската канцеларија за контрола на наркотиците.

Директорот на канцеларијата Џим Керол, изјави дека колумбиската влада морала да направи повеќе во борбата против производството на кокаинот.

Зголеменото производство на билката кока директно е поврзано со зголеменото консумирање на кокаин во САД, додава Керол, наведувајќи дека бројот на нови корисници на тој наркотик е зголемен за 81 процент од 2013-та година и дека во тој период е зголемен бројот на предозирани од кокаин.

Вашингтон и Богота во март потпишаа договор на пет години за намалување на површините на кока хербицидите како би се уништило илегалното одгледување на коката.

Новиот претседател на Колумбија, Иван Дуке предложи повторно воведување на воздушното прскање на површините со кока хербициди, како би се уништило илегалното развивање на таа билка.