понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се судрија 130 возила, хаос на автопат во Јапонија

Се судрија 130 возила, хаос на автопат во Јапонија

Во снежна бура која го зафати автопатот во северниот дел на Јапонија и предизвика верижен судир на 130 возила, загина едно лице, а десет се повредени.

Бурата околу пладне зафати дел од автопатот Тохоку експресвеј во префектурата Мијаги.

Јапонија во изминатите неколку недели ја погоди силно снежно невреме, а во некои делови од земјата имало двојно повеќе врнежи од снег во однос на просечните. (МИА)