среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се венчале неколку часа по руската инвазија, а првиот ден од бракот купувале пушки (ФОТО)

Се венчале неколку часа по руската инвазија, а првиот ден од бракот купувале пушки (ФОТО)
Фото: EPA

Двојка од Украина се венчала по руската инвазија и првиот ден од бракот купувале пушки
од Fokus 25.02.2022 20:46

Двојка од Украина, Јарина Ариjева и Свјатослав Фурсин, се венчале неколку часа откако Русија ја започна инвазијата врз нивната земја. Првиот ден како брачен пар го поминале набавувајќи пушки и спремајќи се за одбрaна на Украина.

Требало да се венчаат во мај, но по заканите на Путин не биле сигурни што ги чека во иднина, пишува Си Ен Ен.

Аријева и Фурсин доброволно се пријавиле во Силите за територијална одбрана, огранок на украинските вооружени сили коишто се составени главно од доброволци. Откако добиле оружје, отишле во канцеларијата на својата политичка партија, Европска солидарност.

-Моментално сме тука и правиме сѐ што можеме, има многу работа. Се надевам дека се ќе биде во ред, рекла Аријева и додаде дека пушки добиле и некои цивили кои не биле дел од одбрамбените сили.

-Постојат места на кои можете да ги добиете, само потпишете документи и можете да одите да ја браните својата земја. Таква е моменталната ситуација. рекла таа.