Пожарот во фабриката за вештачко ѓубриво во американската сојузна држава Северна Каролина принуди илјадници луѓе да се евакуираат поради страв од можна голема експлозија.
Речиси 6.500 луѓе се евакуирани од градот Винстон-Салем, како и затвореници од блискиот затвор и студенти од кампусот, откако избувна пожар во фабрика за вештачко ѓубриво, пренесуваат светските медиуми. Причината за пожарот не е позната, но властите предупредија на зголемена закана, бидејќи во фабриката има меѓу 300 и 600 тони амониум нитрат.
Досега се евакуирани речиси 2.500 домови, како и 220 затвореници од казнено-поправниот дом Форсајт и студентите од кампусот на Универзитетот Вејк Форест. Универзитетот ја откажа наставата и отвори уште три кампуси за да ги заштити студентите. Затворениците биле префрлени во поправен дом во Тејлорсвил, додека градот отворил установа на саемот Винстон-Салем, каде што се засолниле евакуираните граѓани.
DRONE FOOTAGE – 4440 N. Cherry St. If you or someone you know lives within a one mile radius of this location please evacuate the area. #WeaverFire #WSFire .107 pic.twitter.com/sZSml1eYQX
— Winston-Salem FD (@cityofwsfire) February 1, 2022