Седум лица, меѓу кои шест деца, се повредени во пожар што го зафатил нивниот шатор во бегалски камп во северозападна Сирија, јави сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.
Повредените лица во шаторот престојувале откако останел без својот дом по разурнувачкиот земјотрес од 6 јануари.
„Пожарот го зафати шаторот во селото Ал Газала, северно од Даркуш, во околината на Идлиб, што на повредените им беше засолниште по земјотресот“, соопштија од невладината организација.
Повредени се една жена и шест деца, соопшти претседателот на Центарот, Рами Абдел Рахман, додавајќи дека инцидентот се случил вчеравечер.
-Ноќите се многу ладни и луѓето, за да се загреат во своите шатори, користат несигурни методи, изјави Рахман.
Во сличен инцидент од 22 февруари смртно настрада една жена, додека маж се здоби со тешки изгореници откако во шаторот им избил пожар предизвикан од несигурни методи за греење, додаде тој.