петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сенатори: САД да и достават на Украина годишно по 300 милиони долари воена помош

Сенатори: САД да и достават на Украина годишно по 300 милиони долари воена помош

Американски сенатори предлагаат САД да и доставуваат секоја година на Украина воена помош во износ од 300 милиони долари.

Предлог законот, кој е поддржан и од републиканци и од демократи, е поднесен денеска.

Предлагачите сметаат дека е потребно да се издвојат по четири милиони долари за обука на офицери во Украина.

Минатиот месец Пентагон ги соопшти своите планови за доставување воена помош за Украина од 250 милиони долари. На почетокот на овој месец демократите предложија сумата да се зголеми во 2021 година за уште 25 милиони долари. Дополнителни средства да бидат наменети за обука на војниците, вооружување, логистика и разузнавање. Претходно, беше објавено дека финансиите ќе бидат потрошени за „зајакнување на можноста на Украина поефикасно да се одбрани од руската агресија“. (МИА)