понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сестрата на холандската кралица пронајдена мртва

Сестрата на холандската кралица пронајдена мртва

Најмладата сестра на холандската кралица Максима, Инес Зорегиете е пронајдена мртва во својот стан во Буенос Аирес, јавуваат светските агенции.

Смртта на 33 годишната Инес вчера ја потврдила неименувана личност од канцеларијата на обвинителството, која барала да остане анонимна.

Како што пишува Би-Би-Си, Инес била пронајдена обесена во својот стан, а локалните медиуми пишуваат дека најверојатно се работи за самоубиство.

Се верува дека страдала од депресија.

Холандската кралица ги откажала сите состаноци и обврски и наскоро заминува за Аргентина.

Холандскиот премиер изјавил дека веста за смртта на Инес е исклучително тажна.

-Изненадното заминување на сестрата на кралицата сите ги шокираше. Нашите мисли и молитви се со кралицата и нејзиното семејство. Им ја посакувам сета сила која им е потребна да се го издржат овој момент, изјавил премиерот Марк Рут.