недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Северна Кореја го нападна Помпео поради изјава против Кина

Северна Кореја го нападна Помпео поради изјава против Кина

Северна Кореја денеска го нападна државниот секретар на САД, Мајк Помпео, за неговите неодамнешни антикинески забелешки, предупредувајќи го да не се меша во работите на другите земји и во јавното мислење.

Претходно оваа недела Помпео рече дека аспирациите на Кина за ресурси во Јужното кинеско море се нелегални и ја критикуваше Комунистичката партија на Кина (КПК) за насилно однесување кон земјите во регионот, пренесува агенцијата Јонхап.

– Тоа е исклучително злобен чин на една земја, која не е азиска, да даде невнимателни забелешки поврзани со прашањето на Јужното кинеско море. Ако внимателно ги проследиме неодамнешните забелешки на Помпео во врска со Кина, лесно може да знаеме кои се неговите намери. Помпео  срамно ја исмева КПК, изјави неименуван портпарол на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја во интервју за корејската новинска агенција КЦНА. (МИА)