вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Северна Кореја соопшти дека тестирала проектили за самоодбрана од воените закани на САД

Северна Кореја соопшти дека тестирала проектили за самоодбрана од воените закани на САД

Властите во Северна Кореја соопштија дека ракетните тестови се за самоодбрана од директни воени закани на САД и тие не ја нарушиле безбедноста на соседните земји и региони.

Северна Кореја изврши шест ракетни лансирања за 12 дена од оваа недела, вклучително и лансирање на ракета со среден дострел над Јапонија во вторникот.

„Нашите ракетни тестови се нормална, планирана мерка за самоодбрана за заштита на безбедноста на нашата земја и регионалниот мир од директни воени закани на САД“, јавија севернојорејските медиуми, цитирајќи портпарол на воздухопловната администрација.

Ракетните тестови „не претставуваа никаква закана и не предизвикаа штета за безбедноста на цивилното воздухопловство, како и безбедноста на соседните земји и региони“.  (МИА)