Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој денеска беше во ненајавена посета на Одеса, нагласи дека Москва нема да ја „уништи слободата на Киев“, и вети дека Брисел ќе стои покрај Украина „колку што е потребно“.
„Кремљ сака да го уништи вашиот дух на слобода и демократија“, рече Мишел во видеото објавено на неговата страница на Твитер.
„Целосно сум убеден дека тие никогаш нема да успеат“, додаде тој. Мишел вети дека ЕУ ќе и помогне на Украина „да изгради модерна, демократска земја“. (МИА)