вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шехбаз Шариф избран за нов премиер на Пакистан

Шехбаз Шариф избран за нов премиер на Пакистан

Парламентот на Пакистан денеска го избра Шехбаз Шариф за нов премиер, откако пред една седмица му беше изгласана недоверба на дотогашниот претседател на Владата Имран Кан.

Шехбаз Шариф беше фаворит за победа по еднонеделната уставна криза во земјата. Тој е помлад брат на поранешниот премиер на земјата Наваз Шариф, кој трипати ја извршуваше оваа улога.

Шехбаз Шариф го предводеше здруженото опозициско движење заради соборување од власт на Кан, кој пак тврдеше дека Вашингтон сакал да го собори од власт. САД ги отфрли наводите на Кан, јави ДПА.

Откако неговиот противкандидат- поранешен министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши, не беше избран за премиер, членови на партијата Техрик-е-Инсааф (PTI) на Имран Кан, поднесоа оставки во Парламентот и најавија улични протести. Дополнително ќе се утврди датум за одржување избори за да се пополнат испразнетите пратенички места. (МИА)