Мртов 95 годишник наводно се разбудил сред подготовките за неговиот погреб. Буд Рам Гујар од Индија почнал да дише кога членовите на семејството го полиле со вода по градите за време на традиционалниот ритуал пред погребот.
Докторите го прогласиле човекот на починат откако се онесветил претходно истиот ден, вели неговото семејство.
-Свештеникот започна со ритуалите, берберот ги избричи сите глави на мажите во семејството. Се подготвувавме да го избањаме телото како обичај пред погребот. Оддеднаш почна да дише и стана. Ова не е ништо поинаку од чудо, изјавил неговиот син Бали Рам.
Буд Рам Гујар на семејството му рекол дека заспал откако почувствувал болки во градите.
Ова не е прв случај „мртов“ човек да оживее во Индија.