четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шок во програма во живо: Водител дожива срцев удар среде емисија (ВИДЕО)

Шок во програма во живо: Водител дожива срцев удар среде емисија (ВИДЕО)

Турскиот водител Шукру Ојтан, кому неодамна му беше дијагностицирана срцева аритмија, вградил пејсмејкер за да ја регулира работата на срцето.

Сметајќи дека е подготвен да се врати на работа, одлучи да ја води емисијата на локалната ТВ станица во Ескишехир.

Меѓутоа, додека коментираше меч од Втората турска лига, наеднаш се свитка и главата му падна на маса.

Неговиот колега неколку моменти гледаше во него, а кога одлучи да провери дали е во ред, Ојтан падна на подот.

За среќа, Ојтан преживеа. ТВ станицата наведе дека Ојтан е префрлен во болница, каде лекарите успеале да го стабилизираа.