Елизабет Мваве е медицинска сестра која признала дека од забава, во текот на 12 години, додека работела во болницата The University Teaching Hospital во Замбија, заменила околу 5 илјади бебиња.
-Имам рак во терминална фаза и знам дека наскоро ќе умрам. Сакам да ги признаам своите гревови пред Бога и пред луѓето на кои сум им нанесла штета. Немам што да кријам повеќе. Имам заменето околу 5.000 бебиња, признала Елизабет.
-Го правев тоа од забава и некаква навика. Знам дека згрешив пред Бога и пред своите Замбијци. Нека ми простат поради сѐ што им направив на тие недолжни деца. Предизвикав и развод на неколку двојки кои по одењето на ДНК тест открија дека децата не се нивни, рекла таа.
„На многу мајки им предизикав страдање затоа што доеле деца кои не биле нивни. Не сакам да одам во пеколот поради тоа, навистина ми е жал“, рекла таа во очај.
Исто така, таа додала дека станува збор за деца родени помеѓу 1983. и 1995., па ги повикува да се тестираат оние кои се сомневаат во своето потекло.