понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шолц го повтори ветувањето дека ќе продолжи да испраќа оружје за Украина

Шолц го повтори ветувањето дека ќе продолжи да испраќа оружје за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на Самитот за прогресивно владеење во Берлин повторно вети дека ќе продолжи да испорачува оружје на Украина се додека тоа биде потребно.

Тој всушност денеска само ја повтори пораката испратена претходно оваа недела од лидерите на Групата седум најразвиени економии –Г7, со кои во моментов претседава Германија.

-Германија ќе ја продолжи својата поддршка се додека е потребно, се додека таа поддршка е потребна за да се одбрани од одвратната руска агресија, рече тој.

Шолц додаде дека рускиот претседател Владимир Путин јасно ставил до знаење дека „оваа војна не е само Украина“.

-Војната е дел од крстоносна војна против либералната демократија, крстоносна војна против меѓународниот поредок заснован на правила, крстоносна војна против слободата и напредокот, крстоносна војна против нашиот начин на живот и крстоносна војна против она што Путин го нарекува колективен Запад и кога мисли на сите нас, изјави германскиот канцелар.