недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шпанија доби нова Влада

Шпанија доби нова Влада

Парламентот на Шпанија денеска му даде поддршка на лидерот на социјалистите Педро Санчез за формирање на коалициска влада, со што се става крај на речиси едногодишната политичка криза во четвртата по големина економија во еврозоната.

Лидерот на социјалистичката партија на Шпанија Педро Санчез денеска доби поддршка со 167 гласа во 350-члениот шпански Парламент за формирање на коалициска Влада со левичарската партија Подемос.

Во неделата, во првиот круг гласање, коалицијата на Санчез не доби поддршка од повеќе од 176 пратеници, па денеска во вториот круг на гласање, беа доволни повеќе гласа „за“ од „против“.

Социјалистите на Санчез победија на изборите во април минатата година, но тој не доби доволно гласа за самостојно формирање влада. Откако не доби поддршка од останатите партии во ноември се одржаа нови, вонредни избори, на кои беа постигнати слични резултати, по што социјалситите на Санчез формираа коалиција со помалата левичарска партија Подемос со кои заедно имаат вкупно 155 пратеници.