недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шпанија: Повредени 14 лица, од кои тројца потешко при експлозија на пиротехнички средства (ВИДЕО)

Шпанија: Повредени 14 лица, од кои тројца потешко при експлозија на пиротехнички средства (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица се повредени, од кои тројца потешко, во денешната експлозија на пиротехнички средства за време на одбележувањето на традиционалниот празник на елката во каталонскиот град Сентељес во Шпанија.

Три лица, кои се здобиле со течки изгореници, се префрлени в болница.

На местото на несреќата пристигнале 12 амбулантни возила, како и пожарникарски екипи.

Прославата на фестивалот е прекината.