четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Шпанија се откажа од отворање на границите во јуни

Шпанија се откажа од отворање на границите во јуни

Шпанија се откажа од можноста повторно да ги отвори копнените граници на 22 јуни, како што претходно денеска најави еден министер, предизвикувајќи забуна во соседна Португалија, која побара појаснување.

Границите со Франција и Португалија се затворени за повеќето луѓе откако Шпанија воведе рестриктивни мерки кон средината на март за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Владин извор нрече дека Мадрид сè уште го разгледува планот за повторно отворање на копнените граници и оти за тоа ќе разговара за тоа со Франција и Португалија, побивајќи ја денешната изјава на министерот за туризам Рејес Марот.