сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шпанската полиција во акција – уапсени српски државјани поради 560 килограми кокаин

Шпанската полиција во акција – уапсени српски државјани поради 560 килограми кокаин

Српските државјани П. П. (36) и Н. Д. (37) се уапсени во Галиција под сомнение дека учествувале во шверц на 560 килограми кокаин.

Заедно со двајцата Срби, уапсени се и четворица Шпанци во акцијата „Династија“.

Се сомнева дека оваа криминална група соработува со „балканскиот картел“, според локалните медиуми.

Оваа криминална група имала невиден начин на трговија со дрога. Конаин бил спакуван во расипани автомобили, кои потоа ги возела служба до крајната дестинација.