Шпанскиот крал Фелипе Шести го искористи традиционалното божикно обраќање на Бадник да ги повика новоизбраните пратеници во каталонскиот Парламент, да се откажат од понатамошни чекори за отцепување.
– Патот што е пред нас, не смее уште еднаш да не донесе до судири или исклучување кое, како што знаеме, само создава неслога, неизвеснот и мака, нагласи шпанскиот монарх во вечерното телевизиско обраќање.
Кралот Фелипе истакна дека каталонските лидери мора да се „соочат со проблемите што ги погодуваат сите Каталонци, почитувајќи ја нивната разноликост и размислувајќи одговорно за доброто на сите“.
Шпанскиот крал се обрати синоќа, четири дена откако регионалните парламентарни избори резултираа со гласање за враќање на сепаратистичките партии на власт.