Шпанскиот крал Фелипе Шести попладнево го потпиша указот за именување на лидерот на Социјалистичка работничка партија на Шпанија (ПСОЕ), Педро Санчез, за премиер на државата.
Кралот претходно се сретна со претседателка на Долниот дом на шапанскиот Парламент Ана Марија Пастор Хулијан, која го информирала за денешното изгласување недоверба на досегашната Влада на Маријано Рахој.
За недоверба на малцинската Влада на Рахој гласаа 180 пратеници, додека 169 беа против.
Изгласувањето недоверба беше иницирано од страна на социјалистите и проследено со предлог Санчез да ја преземе премиерскаата функција.
МИА