недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шпанскиот премиер ќе инсистира за укинување на имунитетот на пратениците

Шпанскиот премиер ќе инсистира за укинување на имунитетот на пратениците

Шпанскиот премиер Педро Санчез соопшти дека ќе инсистира за укинување на имунитетот на пратениците и на лица на функции.

Санчез ова го изјави во говор по повод 100 дена од доаѓањето на власт на неговата Влада.

За усвојување на ваков предлог потребна е парламентарна поддршка, а Социјалистичката партија на Санчез има само 84 од вкупно 350 места во Долниот дом на Парламентот.