среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шпанскиот Врховен суд ги отстрани Пуџдемон и пет пратеници од каталонскиот Парламент

Шпанскиот Врховен суд ги отстрани Пуџдемон и пет пратеници од каталонскиот Парламент
epa06827573 Former Catalan leader Carles Puigdemont arrives for a meeting with Catalan regional president Quim Torra (not pictured) in the HolidayInn in Berlin, Germany, 21 June 2018. EPA-EFE/MARKUS HEINE

Врховниот суд на Шпанија денеска им ги одзеде мандатите на шестмина членови на регионалниот Парламент на Каталонија, меѓу кои е и поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон.

Судијата Пабло Ларена реши дека на шестмината каталонски сепаратистички лидери треба да им се суди за бунт против државата, дело за кое се предвидени казни до 30 години затвор. Тоа повлекува и забрана за вршење на јавна функција, поради што им беа одземени мандатите. Судијата реши дека од Парламентот на Каталонија зависи дали на нивните места ќе бидат именувани други пратеници.

Дел од обвинетите се во притвор, а самиот Пуџдемон лани во октомври побегна во Белгија, а моментно е во Германија.

– Оваа одлука го покажува нивото на демократија во шпанската држава. Гласот на граѓаните беше поништен од страна на „судството“, напиша Пуџдемон на својот профил на Твитер.

МИА