Државната противпожарна служба на Калифорнија рано утрово нареди евакуација на 50.000 луѓе од населбата северно од Лос Анџелес, поради шумски пожар во областа.
За неколку часа пожарот се прошири на подрачје од околу 2.000 хектари и претставува опасност за населението во периферијата на градот Санта Клара, 65 километри северно од Лос Анџелес.
Американските медиуми синоќа јавија дека 200.000 луѓе останале без електрична енергија.
Калифорниската Служба за шумарство и заштита од пожари соопшти дека пожарот, кој го разгоруваат и силните ветрови, досега зафатил површина од околу 10.000 ари.
Властите синоќа наредија евакуација на населението северно од Сан Франциско.
Метеоролозите најавија дека ветрот што придонесува за ширење на пожарите денеска ќе ослабне, но дека се очекува утре повторно да се засилува.