четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шумски пожар на шпански остров, евакуирани најмалку 500 луѓе

Шумски пожар на шпански остров, евакуирани најмалку 500 луѓе

Поради шумски пожар на шпанскиот остров Ла Палма наредена е евакуација на најмалку 500 луѓе, соопштија локалните власти.

„Пожарот избувна рано утринава во шумска област во северниот дел на островот. Пламенот уништи најмалку 11 куќи“, изјави претседателот на Канарските острови, Фернандо Клавихо.

Според него, „бројот на луѓе кои треба да бидат евакуирани може да достигне и илјада“.

Четири хеликоптери и четири копнени противпожарни возила се на терен да го локализираат пожарот на островот, кој е дел од шпанскиот архипелаг на Канарските острови во близина на брегот на Западна Африка.