недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ШВЕДСКА ДОНЕСЕ КОНЕЧНА ОДЛУКА: Поднесува барање за членство во НАТО

ШВЕДСКА ДОНЕСЕ КОНЕЧНА ОДЛУКА: Поднесува барање за членство во НАТО

Шведската влада денеска донесе официјална одлука нивната земја да аплицира за членство во НАТО.

– Најдоброто нешто за безбедноста на Шведска е да влезе во НАТО, рече премиерката Магдалена Андерсон.

Владата претходно во текот на денот имаше состанок. Пред тоа се одржа собраниска расправа за состојбата на безбедносната политика.

На прес-конференцијата премиерката најави дека Шведска ќе поднесе барање за членство во НАТО.

– Во нашиот парламент има големо мнозинство за прием на Шведска во НАТО, рече Андерсон.

Таа ја нарече „Руската војна во Украина едно од најлошите прекршувања на Повелбата на ОН“.