четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шведска следната недела ќе поднесе барање за влез во НАТО

Шведска следната недела ќе поднесе барање за влез во НАТО

Шведската влада планира следната недела да испрати апликација за членство во НАТО, по соседна Финска, објави денеска шведскиот весник „Експресен“.

Шведскиот парламент в понеделник ќе расправа за безбедносната ситуација, а премиерката Магдалена Андерсон ќе свика посебен состанок на владата, на кој ќе биде донесена формална одлука за апликацијата, пишува весникот, повикувајќи се на неименувани извори. Барањето ќе биде испратено веднаш потоа, освен ако не се случи нешто неочекувано, велат изворите.

По руската инвазија на Украина, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“, се очекуваше Шведска и Финска да бараат поголема безбедност во НАТО и да се откажат од својата неутралност. Заклучоците од ревизијата на безбедносната политика на Шведска се очекуваат утре, а владејачките социјалдемократи сè уште расправаат дали да ја променат или да ја поддржат апликацијата. Партијата треба да донесе одлука в недела.

Финскиот претседател Саули Ниинисто и премиерката Сана Марин денеска објавија дека Финска мора да поднесе барање за членство во НАТО „без одлагање“, зголемувајќи го притисокот врз Шведска да го стори истото.

Финска е најблискиот воен сојузник на Шведска и единствената друга нордиска земја која не е членка на НАТО.