Шведска ги продолжи препораките против неважни патувања во сите земји надвор од Европа до 15 април, се вели во денешното соопштение на Министерството за надворешни работи во Стокхолм.
– Постои многу неизвесност и невозможно е да се предвиди кога ќе биде можно безбедно и слободно да се патува низ целиот свет поради пандемијата на Ковид-19 и нејзините последици, соопшти шведското МНР.
Шведска уште на 14 март минатата година за првпат издаде препорака до населението да ги одложат непотребните патувања во сите земји поради ширењето на Ковид-19, но во меѓувреме ја повлече таквата мерка за многу земји во Европа.