среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шведската Влада презентираше план од 522 милиони евра за обнова на Украина

Шведската Влада презентираше план од 522 милиони евра за обнова на Украина

Шведската Влада денеска го презентираше повеќегодишниот план за помош и реконструкција за Украина, вреден шест милијарди круни (околу 522 милиони евра).

„Од 1 јули 2023 година до 31 декември 2027 година, на Украина ќе и бидат доделени шест милијарди круни како дел од „историската стратегија“, изјави за новинарите шведскиот министер за надворешна трговија и меѓународна помош Јохан Форсел.

Според него, таа сума од шест милијарди е само основа, бидејќи ќе се зголемува. Целта е тие пари да се искористат за обнова на Украина, а во перспектива Шведска да се приклучи на Европската унија.

„Нашата амбиција не е да го обновиме тоа што постоело, туку да изградиме нешто ново…“, изјави Форсел.

Средствата ќе се инвестираат во инфраструктурата на земјата, како што се здравствените и образовните установи. Преку оваа стратегија ќе се промовира и пристапот на Украина до обновлива енергија.

Идејата е да се поттикне економската размена меѓу двете земји, но и во самата Украина, особено преку стимулирање на претприемништвото, борба против корупцијата и работа на поголема транспарентност.