Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска рече дека никој не може да го промени фактот дека Тајван е дел од Кина и дека Пекинг е подготвен, ако е потребно, да употреби сила за да ги порази сепаратистичките сили на Тајван.
– Независноста на Тајван може да доведе само до мртва точка – предупреди Си во свечениот говор во Палатата на народите во Пекинг, при тоа додавајќи дека Кина мора да биде обединета и дека тоа ќе се случи.
Според Си, независноста на Тајван би довела до катастрофа.