вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силен земјотрес го погоди Алжир (ВИДЕО)

Силен земјотрес го погоди Алжир (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Алжир, во кој нема повредени или загинати, објави Службата за цивилна заштита.

Земјотресот уништи три куќи, меѓу кои има и четирикатница и вила, додека 31 станови се оштетени, а луѓето во паника излегоа на улиците, пренесе Ројтерс.

Земјотресот беше проследен со последователен земјотрес со јачина од 4,5 степени.

Земјотресот ја погоди провинцијата Мила, на околу 350 километри источно од главниот град на Алжир.

Исто така, предизвикани се оштетувања на патиштата, кои се затворени за сообраќај.

Во земјотресот со јачина од 6,7 степени што го погоди Алжир во 2003 година загинаа 2.000 луѓе.