Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтер ноќеска ја погоди и БиХ, поточно во околината на Тузла.
Според Европскиот медитерански сезмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот со јачина од 2,9 степени според Рихтер е регистриран во околината на Тузла на длабочина од два километри.
Map of felt reports received so far following the #earthquake M2.9 in Bosnia and Herzegovina 60 min ago pic.twitter.com/WZ924qNMU7
— EMSC (@LastQuake) September 22, 2019
Земјотресот ги пробуди и вознемири жителите во овој регион на БиХ.
-Ова не е добро, велат вознемирените жители.
Земјотресот бил почуствуван во Лукавец, Тузла и околните места.