Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди аргентинската провинција Сантијаго дел Естеро, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Како што е наведено, земјотресот се случил на длабочина од 611 километри, јави Ројтерс и пренесе Танјуг.
Засега не се објавени информации за евентуална материјална штета или повредени во земјотресот.