недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силна осуда од Париз за руската анексија на украински региони

Силна осуда од Париз за руската анексија на украински региони

Францускиот претседател Емануел Макрон „силно ја осудува“ анексијата од Русија на четири региони во Украина, нарекувајќи го потегот „нелегален“, соопшти неговиот кабинет.

„Ова е сериозно кршење на меѓународното право и на суверенитетот на Украина“, соопшти Кабинетот откако рускиот претседател Владимир Путин ја објави анексијата.

Од Кабинетот на Макрон  додаваат дека „Франција се противи на тоа и стои заедно со Украина против руската агресија“.  (МИА)