вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силно невреме во САД: Најмалку 4 загинати, торнадо разурна домови (ВИДЕО)

Силно невреме во САД: Најмалку 4 загинати, торнадо разурна домови (ВИДЕО)

Најмалку четири лица се загинати во Оклахома и Арканзас во силно невреме.

Торнадо разурна домови и деловни објекти во густо населениот дел на Далас, каде се пријавени само помали штети.

– Радарите потврдиле дека торнадото вчера го погодило  аеродромот Далас Лав Филд, изјави метеорологот на американската Национална метеоролошка служба Џејсон Годвин.

Нема информации за смртни случаи или тешки повреди во Тексас, но портпаролот на пожарникарската спасувачка служба Џејсон Еванс истакна дека три лица се однесени в болница со полесни повреди.

Поради невремето десетици илјади луѓе останале без електрична енергија.

Предупредувањата за торнадо се во сила и денеска во источниот дел на Арканзас, во близина на реката Мисисипи, бидејќи бурата се движи кон исток. Центарот за најава на бури во Норман, Оклахома, наведува дека делови на американските држави Алабама, Луизијана, Мисисипи и Тенеси би можеле да бидат погодени од силно невреме во текот на денот.