Најмалку осум лица беа убиени во три престрелки во вторникот во салоните за масажа во Атланта и блискиот град.
Сè уште не е утврдено дали овие настани се поврзани, а осомничениот Роберт Арон Лонг (21) е уапсен синоќа во град на околу 240 километри од Атланта, јавуваат американските медиуми.
Младиот човек кој одел на училиште со Роберт, како и неговите поранешни соученици, велат дека осомничениот дипломирал во 2017 година, пренесува heavy.com. Според еден соученик, таткото на Роберт бил пастор, а Роберт секогаш се однесувал како невин и повлечен.
– Се чинеше многу невин и никогаш не ги задеваше другите. Тој беше некако како „бубалица“ и не даваше впечаток дека е насилен, тоа е она што го паметам. Тој беше ловец, а татко му свештеник. Тој ја обожаваше религијата, изјави наставник од одделението за „Дејли бист“.
Објавите на социјалните мрежи од Бабатистичката црква Крабапл покажуваат дека Лонг и неговото семејство имале долга историја со црквата. Таткото на Лонг, сепак, не е наведен како свештеник во црквата. Откритијата наведуваат дека тој одел во црква со неговата мајка, татко и помладата сестра. Неговата мајка организирала настани во црквата.
Една објава на Фејсбук, која оттогаш е избришана, вклучува сведоштво на Лонг за неговото крштевање во 2018 година. Тој рече дека ова е втор пат да се крсти.
– Како што многумина од вас се сеќаваат, кога имав 8 години, мислев дека станувам христијанин и се крстив за тоа време. И се сеќавам на многу причини зa тоа што многу мои пријатели во мојата црква го сторија тоа – рече тој и цитираше и дел од Светото писмо за „изгубениот син“.
Неговиот Инстаграм посочуваше, според изворите, „љубов кон храната, музиката и Бог“.
– Пица, пушки, тапани, музика, семејство и Бог. Ова прилично го сумира мојот живот. Тоа е прилично добар живот – беше напишано на неговиот Инстаграм профил.
Да потсетиме, првото пукање во кое беа убиени четири лица и две ранети, се случи во вторникот попладне во салон за масажа на околу педесет километри од Атланта, најголемиот град во сојузната држава Џорџија.
Набргу потоа, во уште две пукања загинаа четири лица во два салони за масажа во Атланта, соопшти полицијата во тој град.
Четворицата жртви на другите две пукања се жени, наводно со азиско потекло.