Саиф ал Ислам Гадафи, син на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, денеска се кандидираше за претседателските избори во земјата.
Изборите се закажани за 24 декември.
Саиф ал Ислам Гадафи е во затвор за воени злосторства од 2011 година, односно од револуцијата во таа блискоисточна земја каде што е убиен неговиот татко.
Саиф ал Ислам, чие име значи „меч на исламот“, важеше за наследник на починатиот либиски лидер Моамер Гадафи, а пред „арапската пролет“ во 2011 година живееше во резиденција во Лондон, вредна 10 милиони фунти.
Тој е добитник и на „контроверзниот докторат“ на Лондонската школа за економија и имал бројни познанства со влијателни луѓе.
За време на режимот на Моамер Гадафи немал официјална работа, но непосредно пред револуцијата барал демократски реформи, а за време на востанието барал сурови мерки против бунтовниците.
Кога либиските бунтовници поддржани од НАТО го зазедоа Триполи, тој побегна на југот на земјата и беше уапсен од бригадата Абу Бакр ал Садик во Сахара.