сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сирени за воздушен напад ја разбудија Украина

Сирени за воздушен напад ја разбудија Украина

Сирени за воздушни напади утрово ги разбуди повеќето градови во Украина, јави Би-Би-Си.

Малку по 6 часот по локално време сирени се огласија во повеќе од 15 региони и многу градови во Украина.

Предупредувањето се слушна и во главниот град Киев, заедно со клучните градови како Одеса, Суми, Харков и Дњепар, пренесе Бгнес.

Дњепар беше еден од градовите кои утрово беа гранатирани од руска страна, но градоначалникот Бориј Филатов информира дека украинските системи за противвоздушна одбрана успешно го одбиле нападот.

Како што јави „Киев Индипендент“, во нападите нема жртви.

Известувачите на Си-Ен-Ен во централниот украински град Дњепар јавија дека утрово имало најмалку две експлозии.

Тие исто така виделе чад источно од реката Дњепар.

Украинскиот северен град Чернигов утрово повторно беше цел на руски напади, а ситуацијата во опколениот град секој ден се влошува.

Со оглед на тоа постојано се гранатира и е цел на воздушни бомбардирања, во градот се целосно прекинати снабдувањето со гас, топлинска енергија и вода.

Залихите кои луѓето ги собрале наскоро ќе се потрошат. Струја има само во неколку области, а поголемиот дел од градот е без светло и комуникациите се прекинати, јавија локалните медиуми.