Во сите украински региони се слушаат сирени, кои предупредуваат за воздушни напади, што е показател дека може да претстои нов бран руски бомбардирања.
Вчера Киев доживеа значаен ден на удари, со повеќе од 70 проектили испукани врз градот и прекин на снабдувањето со вода и струја.
Имаше и напади врз градови во централна и источна Украина, каде беа убиени неколку луѓе.
И утрово имаше извештаи за експлозии во Одеса.