вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СИРИЈА Е БЕЗПОМОШНА – чудно нешто се случува над небото во земјата која беше опустошена од земјотресот во понеделникот (ФОТО)

СИРИЈА Е БЕЗПОМОШНА – чудно нешто се случува над небото во земјата која беше опустошена од земјотресот во понеделникот (ФОТО)

Сирискиот Црвен крст вчера ја повика Европската Унија да ги укине санкциите против Дамаск по разорниот земјотрес, во кој загинаа повеќе од 1.600 луѓе во таа земја.

„Ги повикувам сите земји од ЕУ да ги укинат економските санкции кон Сирија бидејќи е време да се направи тоа по ваков земјотрес“, изјави директорот на сирискиот разгранок на Црвениот крст, Калед Хабубати, на прес-конференција во Дамаск.

Сирија, на чело со претседателот Башар ал-Асад, е под меѓународни санкции од почетокот на војната во 2011 година, што значително ја намали трговијата со остатокот од светот.

Дамаск посочува дека економската криза во земјата е директна последица на меѓународните санкции. Тие мерки против Дамаск беа воведени по задушувањето на продемократските протести, а земјата потоа потона во граѓанска војна, што ја опустоши.

Според Хабубати, сирискиот Црвен крст мобилизирал повеќе од 3.000 доброволци да учествуваат во потрагата и спасувањето во погодените области. Разорниот земјотрес го погоди и југот на соседна Турција. Во Сирија загинаа 1.622 лица, а повеќе од 3.600 се повредени во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди земјата во понеделникот.

Граѓанската војна, која трае повеќе од единаесет години, во голема мера го исцрпи капацитетот на земјата сама да се справи со таква природна катастрофа. Сириската армија продолжува да се судира со разни бунтовнички групи, вклучително и терористички организации, како Ал Нусра и Исламската држава.

Во меѓувреме она што може да се забележи дека навистина е жално и поразително што цели два дена по земјотресот небото над Сирија е празно и не може да се забележи ниту еден авион со донации преку возушен пат…

Дали ситуацијата ќе се промени во следниот период останува да видиме…