Сириската армија соопшти дека во населбата Афтарис во реонот на Источна Гута, што до неодамна беше под контрола на бунтовниците, открила „лабораторија на терористите за производство на отровни супстанци“.
– Во текот на операцијата за прочистување на областа на Источна Гута, пронајдена е лабораторија на простанатите терористички организации во Афтарис, опремена за производство на сите видови отровни супстанци. Во неа е пронајдена разновидна опрема неопходна за процесот на создавање и мешање на супстанци за производство на забрането оружје, се наведува во соопштениеото на сириската Армија,
Под обвинение дека сириските владини сили извршиле напад со хемиско оружје во местото Дума на 7 април, рано изутринава САД, Велика Британија и Франција извршија ракетни напади врз цели во Сирија.
По денешната сојузничка акција, сириската државна телевизија објави снимка на која се гледа како претседателот на Сирија, Башар ал-Асад доаѓа вообичаено на своеото работно место, само неколку часа по нападите.
Снимката, што трае осум секунди, е пропратена со текст „утро на отпорот“.
МИА