среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сирија тврди дека соборила израелски ракети насочени кон централните делови на земјата

Сирија тврди дека соборила израелски ракети насочени кон централните делови на земјата

Сириската противвоздушна одбрана соопшти дека денеска се соочила со израелски ракетен напад врз централните делови на земјата и ги соборила повеќето ракети, пренесуваат сириски државни медиуми.

Во соопштението на Армијата се наведува дека ракетите, кои прелетале над делови на либанскиот главен град Бејрут, погодиле области во близина на Хомс, предизвикувајќи само материјална штета.