Сириската армија соопшти дека вопоставила целосна контрола врз главниот град Дамаск и околината, за првпат од почетокот на конфликтот пред повеќе од седум години.
Во соопштение прочитано на државната телевизија, Владата објави дека по едномесечна кампања целосно го зазела палестинскиот бегалски камп Јармук и квартот Хаџар ал Асуад во јужен Дамаск, делови кои беа под опсада на членови на „Исламска држава“.
– Сириската престолнина и нејзината околина се целосно безбедни, увери армијата.
Во последните судири околу Јармук загинаа повеќе лица од страната на сириските владини сили, и кај џихадистите, и е нанесена сериозна материјална штета на кампот и на околните станбени населби.