сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сите информации за пожарот во најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје

Сите информации за пожарот во најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје

По борбите меѓу руските и украинските војници околу украинската нуклеарна централа во Запорожје, се огласи МААЕ од каде порачаа истите веднаш да престанат.

-Околу 3 часот утринава нуклеарната централа Запорожје во Украина беше во пламен. Ова го потврди и Дмитро Орлов, градоначалник на блискиот град Енергодар.

-Закана за светската безбедност!!! Како резултат на немилосрдното гранатирање од страна на непријателот на зградите и блоковите на најголемата нуклеарна централа во Европа, нуклеарната централа Запорожје гори!!!, објави Орлов на Фејсбук.

-Руските војници се обидоа да влезат во градот со тенкови и да ја заземат централата, но жителите и работниците беа видени како се собираат околу централата и нејзините околни патишта во средата, јави Би-Би-Си. Украина има четири активни нуклеарни централи, вклучително Запорожје.

Портпаролот на нуклеарната електрана Андриј Туз, за ​​украинската телевизија изјави дека гранати паднале директно врз електраната во Запорожје и запалиле еден од шесте реактори на централата. Тој реактор се реновира и не е во функција, но внатре има нуклеарно гориво, рече тој, пренесува Хина.

Пожарникарите не можат да се приближат до огнот затоа што се пука во нив, рече Туз.

Владин претставник изјави за Асошиетед прес дека во близина на локацијата на централата евидентирано е зголемено ниво на радијација. Тој зборувал под услов да остане неименуван бидејќи информацијата се уште не е објавена во јавноста, пренесуваат западни медиуми.

-Според шефот на регионалната воена администрација Олександр Старук на пожарникарите им е дозволен влез за да интервенираат на пожарот во нуклеарната црнтрала запорожје, во Украина.

-Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека е во контакт со украинските власти поради извештаите за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, јави Би-Би-Си.

Се огласи и Белата куќа, која соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата. Претседателот Џо Бајден само што имал телефонски разговор со неговиот украински колега Володомир Зеленски на оваа тема.

-Андреј Туз, портпарол на нуклеарната централа Запорожје, изјави за Би-Би-Си дека гранатирањето засега престанало, но ситуацијата е крајно неизвесна.

– Бомбардираа сè што можеа, вклучително и блоковите и сè друго. Тешко е да се каже, сè уште ги собираме сите информации. Бел автомобил тргна кон влезната рампа, трепкајќи со фаровите. Сега се утврдува дали ќе започнат преговори или што ќе се случува натаму, рече Туз.

-Украинската државна служба за итни случаи известува дека условите за безбедност од радијација и пожар во нуклеарната централа Запорожје се „во граници на нормалата“. Условите за безбедност од радијација и пожар во нуклеарната централа се во нормални граници.

-Шефот на регионалната државна управа на Запорожје вели дека безбедноста на нуклеарната електрана Запорожје е „осигурана“, јави Би-Би-Си. Александар Старук објави само една реченица на Фејсбук, велејќи дека разговарал со директорот на нуклеарната централа Запорожје во Енерходар и дека бил уверен дека е безбедна.

-Украинските служби за итни случаи соопштија дека го изгаснале пожарот во најголемата нуклеарна централа во Европа. Киев тврди дека руските сили гранатирале и дека се одговорни за пожарот.

„Во 06:20 часот е изгаснат пожарот во зградата за обука на АЕЦ Запорожје во Енергодар. Нема жртви“, соопштија украинските служби за итни случаи.