петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Смртна казна за брачен пар поради убиство на куќна помошничка

Мажот им бил предаден на властите во Либан, кои сега треба да го разгледаат барањето за екстрадиција на Кувајт, а жената се наоѓа во затвор во Дамаск.
Смртна казна за брачен пар поради убиство на куќна помошничка

Судот во Кувајт осуди на смртна казна брачна двојка поради убиство на нивната куќна помошничка. Сопругот, по потекло од Либан, и неговата сопруга, по потекло од Сирија, осудени се во отсуство, пренесе Би-би-си.

Телото на куќната помошничка, по потекло од Филипините, било пронајдено во февруари во замрзнувачот во куќата на брачната двојка една година по убиството.

Смртта на Филипинката создаде дипломатска криза меѓу Кувајт и Филипините. Кога Интерпол поведе меѓународна потрага по брачната двојка, таа била најдена почетокот на оваа година во Сирија.

Мажот им бил предаден на властите во Либан, кои сега треба да го разгледаат барањето за екстрадиција на Кувајт, а жената се наоѓа во затвор во Дамаск.

Властите на Филипините соопштиле дека го олесниле враќањето на повеќе од 1.000 вознемирени филипински работници од Кувајт кога било пронајдено телото, а дека повеќето од нив работеле како куќни помошници.

Во Кувајт живеат и работат околу 250.000 Филипинци.

Во многу заливски држави работниците мигранти добиваат визи под контроверзниот спонзорски систем познат како кафала, кој предвидува странските работници да ги спонзорираат за да имаат виза и сместување.