Гувернерката на Алабама Кеј Ајви денеска побара привремен мораториум на егзекуциите во американската држава и нареди преглед „од глава до петици“ на целиот систем на извршување на најстрогата казна после три неуспешни смртоносни инјекции.
Борците против смртната казна во САД сметаат дека таков резултат е без преседан.
Кабинетот на Кеј Ајви соопшти дека таа побарала од јавниот обвинител Стив Маршал да ги повлече налозите за егзекуција за двајца осуденици на смрт, а од државниот Завод за извршување санкции целосно да го преразгледа системот за извршување на смртната казна во Алабама.
Ајви, исто така, побара од Маршал да не закажува повеќе егзекуции додека не заврши ревизијата на системот.
Барањето на гувернерката на Алабама следува по неуспешната егзекуцијата на Кенет Јуџин Смит минатиот вторник.
Тоа е втор ваков случај во Алабама во изминатите два месеци, а трет од 2018 година, што е без преседан.